Убаво и е во Русија: Сара Ристовска уште една година во ЦСКА Москва

Македонската репрезентативка Сара Ристовска го продолжи договорот со ЦСКА Москва за уште една сезона, пишува рускиот „Брз Центар“.

Десното крило се пресели во Москва пред две сезони од словенечкиот Крим, остави одличен впечаток и стана неизоставен дел од тимот на данскиот стручњак Јан Лесли.

Ристовска ја одработува втората сезона од првичниот договор на две години, а сега се обврза на уште една година и ќе остане во руската престолнина најмалку до летото 2022 година.

Во рускиот ракомет ретко успеваат странци, но на Ристовска тоа и појде од рака. Со ЦСКА Москва сезонава се еден од главните кандидати за место на завршниот турнир во Лигата на шампионите.