Трпчевски и БК-46 ја слават титулата во Купот во Финска (ФОТО)

Тимот на БК-46, каде што настапува македонскиот интернационалец Стефан Трпчевски, го освои Купот на Финска.

БК-46 во финалниот натпревар славеше над составот на Дикен со убедливи девет гола разлика, 34-25.

Трпчевски беше стрелец на два гола во финалето, а најдобар беше Нико Ронберг со седум постигнати погодоци.

Ова беше 13-та титула во Купот за БК-46, а заедно со Кокс и Дикен, ќе се борат за трофејот и во финскиот шампионат.