Тројца ракометари со двоцифрен учинок, Драчево даде 52 гола во Велес!

Ракометарите на Драчево ја прославија првата победа во Првата лига во новата сезона, откако славеа на гостувањето во Велес кај Борец со 52-25.

Победникот беше решен уште по првото полувреме кога избраниците на Велјо Настески водеа со 30-11.

Во вториот дел шанса за настап добија сите ракометари, но разликата во корист на гостите само се зголемуваше.

Тројца од составот на Драчево имаа двоцифрен учинок. Димитар Петковски даде 16 гола, Филип Дабевски стрелаше 13 пати, а Ѓорѓи Дука 11 пати. Во составот на Борец, осум погодоци постигна Антонио Јаневски.