Тројца вардарци, двајца од Еурофарм Пелистер и еден од Струга во трка за ЕП полуфинале

Меѓу ракометарите кои ќе настапуваат во втората фаза на Европското првенство се наоѓаат и шест играчи кои настапуваат во Супер машката лига на Македонија.

Од таборот на Вардар тоа се тројца играчи. Во Хрватска игра Анте Гаџа, додека во Полска се Јан Чувара и Патрик Валчак.

Еурофарм Пелистер свој претставник досега имаше во Мирко Радовиќ кој игра за Црна Гора. Тој со своите колеги приреди изненадување и ќе биде уште дел на овој шампионат, додека од утре и Матео Мараш со Хрватска исто така ќе биде на шампионатот.

Свој претставник има и тимот на Струга во голманот Никола Матовиќ. Тој со Црна Гора останува најмалку до вторник на шампионатот во Унгарија и Словачка.