Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска имаше добар настап за својот тим ЦСКА Москва во Лигата на шампионите откако успеа со своите колешки да дојде до триумф од 29:28 против составот на Савехоф.
Ристовска доби добра минутажа и беше меѓу поефикасните во редовите на ЦСКА Москва. Реализираше трипати со што помогна во остварувањето на триумфот. Имаше едно промашување кое беше од линијата од седум метри каде имаше и еден гол.
Најефикасни во ЦСКА Москва беа Сабирова и Илина со по шест гола. Инаку со оваа победа, ЦСКА Москва тргна кон горниот дел на табелата и покажува дека останува меѓу кандидатите за висок пласман.