Трето големо натпреварување во низа – исти полуфиналисти

Полуфиналисти на Светското првенство се: Шведска, Данска, Франција и Шпанија или истите четири репрезентации што играа во полуфиналето на претходното Светско 2021 во Египет.

Дури и двојките од полуфиналето се идентични како во Египет: Данска – Шпанија и Шведска – Франција и ова се случува за првпат на Светските првенства исти полуфинални двојки да бидат на две првенства по ред.

Данска ја победи Шпанија со 35:33, а Шведска беше подобра од Франција 32:26 во Каиро.

Истите четири репрезентации играа и на завршницата на Европското првенство 2022 година во Унгарија и Словачка, па дури и двојките беа повоторно исти: Франција – Шведска (33:34) и Шпанија – Данска (29:25).

Досега се нема случено на три големи натпреварувања во низа исти репрезентации да бидат полуфиналисти. Воедно Данска има шанса да стане првата репрезентација со три тримфи на Светските првенства во серија.

На полуфиналните средби Данска – Шпанија и Франција – Шведска можете да се обложувате во спортските обложувалници Моцарт.