Тренерот на Фуксе Берлин го победи коронавирусот

Тренерот на Фуксе Берлин, Михаел Рот кој беше заразен со коронавирусот успешно ја надмина болеста. Како што известуваат германските медиуми последниот тест за присуство на вирусот кај Рот бил негативен и тој нема потреба да е повеќе во карантин.

„Психолошки беше тешко за мене. Имам скоро 60 години, јас сум во ризична група на граѓани иако се чувствувам млад. Играчите ме поддржаа, ми се јавија и посакаа брзо закрепнување“, рече Михаел Рот.

Покрај Рот, беа тестирани и тројца ракометари од Фуксе Берлин, Пол Друкс, Фабијан Виде и Силвио Хајнефетер, но нивните тестови беа негативни.

Михаел Рот, пред еден месец го замени Велимир Петковиќ на тренерската позиција во Фуксе Берлин. Долгогодишниот тренер беше променет како резултат на лошите изданија на екипата во последно време.