Тренерот на Сара Ристовска може да биде нов селектор на Романија

Според информациите на романскиот gsp.ro првиот човек на романскиот ракомет Константин Дин кој неодамна го доби мандатот има намера да го замени Адријан Василе од позицијата селектор на женскиот тим.

Во медиумите веќе се најавува и името на неговиот можен наследник. Како можен наследник на Василе се споменува тренерот на ЦСКА Москва, Флорентин Пера.

Пера има договор уште една година со тимот каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска. Според информациите на истиот медиум во ЦСКА Пера заработува околу осум илјади евра месечно без бонусите за одредени постигнати резултати.

Од друга страна романската федерација на Василе му исплаќа хорнорар од илјада евра за секој ден поминат со репрезентацијата.