Тренерот на Кузмановски го продолжи договорот, Ортега останува верен на Хановер

Тренерот Антонио Карлос Ортега кој веќе четврта сезона го предводи бундеслигашот Хановер каде што настапува Филип Кузмановски го продолжи договорот со клубот и ќе остане долго на клупата.

Според информациите кои ги споделија од клубот на официјалниот веб сајт, 49 годишниот шпански стручњак и Хановер го продолжија договорот до летото во 2023 година.

Ортега минатата сезона го одлично го водеше Хановер и на карајот на сезоната беа пласирани на четвртата позиција во Бундес лигата што е најдобриот резултат на клубот во историјата.

Ова би трабало да е добра вест и за македонскиот репрезентативец Кузмановски кој добива сè поголема доверба од Ортега што би било можност за поголем напредок во иднина.

Шпанецот во Хановер е од 2017 година, а претходно работеше во Колдинг, Веспрем и Антекера, а исто така кратко ја предводеше и репрезентацијата на Јапонија.