Тренерот на Кристопанс позитивен на коронавирус!

По шесте позитивни случаи во Рајн Некар Левен, се појави и седми случај на заразен со коронавирусот во Бундес лигата.

Станува збор за тренерот на Фуксе Берлин, Михаел Рот, кој сега е во 14-дневен карантин. Во овој тим настапува и поранешниот вардарец Даинис Кристопанс.

„Сега сум во карантин, но добар сум. Најважно е секој да се придржува до препораките за побрзо да се искорени вирусот. Ние сме одговорни. Откако ќе заврши сето ова, ќе можеме да се вратиме на секојдневието“, вели Рот.

Покрај Рот, беа тестирани и тројца ракометари од Фуксе Берлин, кои беа во контакт со Јаник Колбахер на собирот на германската репрезентација – Пол Друкс, Фабијан Виде и Силвио Хајнефетер, но тестовите се покажаа негативни.