Тренерите бараат промени: Дајте ни челинџ, нека има „гол за 2“…

Многумина, а особено тренерите имаат многу забелешки на судиските одлуки сметајќи дека правилата во ракометот треба да се менуваат, но целта да биде помала зависностa од „луѓето во црно“. Од друга страна треба да има правила кои ќе придонесат за поголема неизвесност, а помало влијание на судиите.

Заговорот да се ограничи нападот наместо да постои пасивна игра веќе извесно време постои. Според некои тренери „идеалното време“ за еден напад да биде реализиран е максимум 45 секунди. Така нема да има можност судиите да решаваат кога ќе дигнат рака за пасивен, од кога ќе почнат да ги бројат тие „максимални 6 додавања“.

Но, некои сметаат дека треба да се размисли и за воведување на некои други новитети кои ќе придонесат за поголема праведност. На пример воведување на „челинџ“ или „гол што ќе вреди за два“.

„Единствен спорт на светот каде судиите со подигање на раката ти кажуваат кога мораш да шутираш. Зошто во текот на мечот има едно правило, а друго во последните 30 секунди. Зошто и ние тренерите да немаме прави на челинџ? прашува Веселин Вујовиќ, тренерот на ППД Загреб.

Тој смета дека е сосема логично и добро и тренерите да имаат шанса да побараат некоја ситуација да се провери. Дали било престап, бил гол….

„Зошто да немаме право на челинџ? Се буниме за некоја одлука, а можеме и да бидеме казнети. Зошто немаме право да побараме челинџ. Ако сме биле во право тогаш ни го враќаат челинџот и играта продолжува. Никој не размилсува под каков стрес се тренерите, а се зависи од судиите. Тие се над правилата“, вели Вујовиќ.

Тој веќе подолго време вели дека при менување на правилата треба да има и „гол за 2“ што на пример би бил постигнат од 9-10 метри. Така дури и кога би губеле со 3-4 гола во самата завршница можете да направите пресврт.

Но промената на правилата доаѓа од страна на ИХФ кои засега не се толку отворени во однос на менување на правилата. Засега најдрастично е што можете да го замените голманот со играч и да напаѓате со 7 играчи и што погрубите стартови покрај со директен црвен картон се санкционираат и со син, што значи најмалку еден меч пауза.

Сепак ќе треба да помине време пред да се сменат правилата како што некои бараат…