Трајковски со одлично деби за новиот клуб, СИФ тесно загуби од ГРИФК

Тимот на Сјундеа ИФ, каде што настапува македонскиот интернационалец Игор Трајковски, загуби на гостувањето кај ГРИФК во рамките на 1 коло од финскиот шампионат.

Сјундеа ИФ беше поразена со два гола разлика, 25-23, иако на полувреме водеше со 9-11.

Поранешниот кружен напаѓач на Пелистер, Еурофарм Работник и Струга, играше во двата правци и успеа да постигне четири погодоци на дебито за новиот тим,

Трајковски и СИФ во следното коло ќе го одиграат натпреварот од второто коло против финскиот претставник во ЕХФ Купот, БК-46, на домашен терен.