Трајковски и Чурлевски уште една година во Сјундеа

Македонските интернационалци Игор Трајковски и Филип Чурлевски и во новата сезона ќе останат во Финска.

Кружниот напаѓач и организаторот на играта ја продолжија соработката за уште една година со клубот Сјундеа ИФ.

Со СИФ, Трајковски и Чурлевски оваа сезона стигнаа до четвртфиналето на финскиот плеј-оф и за влакно не обезбедија место во европските купови.

Трајковски претходно беше дел од Еурофарм Работник, Пелистер и Струга, додека Чурлевски играше за Пелистер, Еурофарм Работник, Вардар Јуниор и Прилеп пред да замине во Финска.