Трајковски беше МВП на мечот, но СИФ е елиминиран од битката за титулата

Тимот на Сјундеа ИФ, каде што настапуваат македонските интернационалци Игор Трајковски и Филип Чурлевски, беше елиминиран во четвртфиналето на финскиот плеј-оф.

Во серијата „подобар од три“, СИФ стартуваше со предност во победи против ГРИФК, но ги загуби следните два меча, од кои еден беше на домашен терен.

СИФ беше поразен во решавачкиот меч со 29-32, а Трајковски кој постигна десет гола беше прогласен за играч на натпреварот, додека Чурлевски даде три гола.

Со овој меч заврши сезоната во Финска за двајцата македонски интернационалци, кои можат да се пофалат со добри бројки во првата сезона во странство.