ТРАНСФЕР MAРКЕТ: Екс лево крило на Вардар пред потпис со Добој, Констанца донесе десен бек

  • Поранешниот десен бек на ЦСКА Москва, Игор Радојевиќ, во новата сезона ќе биде дел од романската екипа Доброгеа Суд Констанца, со која потпиша договор на две години.
  • Црногорскиот шампион Ловќен од Цетиње формира солиден тим за следната сезона. Откако се засили со повратниците Игор Марковиќ и Драшко Калуѓеровиќ, Ловќен ги донесе и левиот бек Немања Дракуловиќ од Тиват, како и пикерот Миодраг Ќорсовиќ од Рудар.
  • Десниот бек на романската Констанца, Дејан Малиновиќ, во новата сезона ќе биде дел од унгарскиот Балатонфуреди, со кој се обврза на договор на една година.
  • Некогашното лево крило на Вардар, Загреб, Антекера, Железничар – Добривоје Марковиќ, се наоѓа пред трансфер во босанската екипа Слога Добој, која ќе биде предводена од легендарниот Хрват, Марио Келентриќ.
  • Грчкиот шампион ПАОК Солун ангажираше кружен напаѓач кој ќе и прави друштво на нашата Марија Николиќ. Станува збор за Србинката Јована Стојановиќ, која минатата сезона ја помина во тимот на Железничар Инџија.
  • Искусниот чувар на мрежата Горан Анѓелиќ, го продолжи договорот со тимот на Стал Миелец на една година и ќе остане во Полска следната сезона. Анѓелиќ претходно бранеше за Рудар, Будуќност и уште неколку клуба во БиХ и Унгарија.