Унгарскиот репрезентативец Бока Бендегуз, кој имаше одлични партии на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, останува и следната сезона во тимот на Балатонфуреди, откако потпиша нов едногодишен договор.
Словенечката репрезентативна голманка Бранка Зец, го напушта тимот на Гепинген и ќе настапува за составот од Втората лига, Ваиблинген. Во овој тим настапува и македонската репрезентативка Симона Николовска.
Тимот на Архус го продолжи договорот со десниот бек Шарлот Микелсен, а донесе и две засилувања од Норвешка. Од Упсал доаѓа исландската репрезентативка Теа Стурлудотир, а од Акер доаѓа Мариел Мартенсен.
Швајцарецот Лукас Фондешванден, по три години играње во германскиот Штутгарт и францускиот Шамбери, на лето се враќа во својот Вакер Тун со кој потпиша договор на две сезони.
Норвежанката Надја Офендал на лето го напушта данскиот тим Оденсе и ќе ја продолжи кариерата во францускиот Париз 92, со кој потпиша договор на две сезони.
Десното крило Јерко Матулиќ нема да го продолжи договорот со Висла Плоцк, а раководството на полскиот вицепрвак планира да го пополни местото со домашен играч.
Унгарскиот Ѓенѓеш ги продолжи договорите со четворица играчи на уште една сезона. Станува збор за Урош Виловски, Милан Варшандан, Мартин Граф и Марк Хегедус. Ѓенѓеш е многу бликсу да биде зад Веспрем и ПИК Сегед во големата тројка.