ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Турска легенда заминува од Бешикташ, руски ветеран со егзотичен трансфер на 38 години

  • Германскиот Турингер го ангажираше левиот бек на турскиот тим Кастамону, Асли Искит, за која ова ќе биде прв интернационален предизвик.
  • 33-годишното десно крило на Кишварда, Адриен Орбан, потпиша за тимот на Шомбатељ. Орбан е екс ракометарка на Ѓер со кој освои три европски титули.
  • Легендарниот кружен напаѓач на Бешикташ, Толга Озбахар, по десет години го напушта турскиот шампион и се враќа во неговиот претходен клуб Измир.
  • Средниот бек Инал Афлитулин, кој замина од ЦСКА Москва се сели во Санкт Петербург. Претходно беше член на Бергишер, Веспрем, Егер, Мотор и Баја Маре.
  • Кружниот напаѓач на бразилската репрезентација Алесандро Позер, го продолжи договорот со шпанскиот Пуерто Сагунто на уште една сезона.
  • Некогашниот 38-годишен пикер на Сиудад Реал, Чеховски Медведи, Мотор и последно на ЦСКА Москва – Егор Евдокимов, направи егозтичен трансфер во кипарскиот Строволос.