ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Трампа меѓу Висла и Кадетен, Чигиринова продолжи со ЦСКА

  • Романската амбициозна екипа Глорија Бистрица ги продолжи договорите со десните крила. Соња Серафичеану, која играше на ЕП во Македонија и Србинката Жељка Николиќ ставија потпис на новите договори до 2024 година.
  • Швајцарскиот Кадетен Шафхаузен и полската Висла Плоцк ги заменија голманите. Кристијан Пилиповиќ поради семејни причини по само половина сезона се враќа назад во Швајцарија и се договори за соработка на две и пол сезони. Во спротивна насока оди Шпанецот Игнасио Биоска, кој ќе брани во Висла до крајот на сезоната.
  • Соиграчот на Филип Кузмановски, Максимилијан Гербл, потпиша нов договор со бундеслигашот Хановер. Швајцарскиот репрезентативец ќе настапува во овој тим до 2025 година.
  • Средните бекови Карина Сабирова и Наталија Чигиринова ги продолжија договорите со ЦСКА Москва на уште една сезона. Сабирова игра втора сезона во овој клуб, додека Чигиринова е дела од московскиот тим веќе три сезони.