ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Татран донесе голман, Грк ќе му прави друштво на Гедбан, Тасевски доби нов соиграч

  • Францускиот Данкерк на лето ќе биде посилен за шведскиот плејмејкер Јозеф Пујол. Тој потпиша договор на две сезониа, а оваа година беше играч на норвешкиот првак Елверум, за кој на 15 меча во ЛШ даде 48 гола.
  • Татран Прешов набрзина најде замена за Игор Чуприна. Тимот на Славко Голужа на голманската позиција се засили со Тилен Лебен, кој се обврза на двегодишна верност. Тој доаѓа од словенечкиот тим Добова.
  • Хрватскиот репрезентативец Иван Мартиновиќ, од летото во 2022 ќе се пресели во бундеслигашот Мелсунген. Оваа и наредната ќе остане во Хановер каде игра заедно со Филип Кузмановски.
  • 36-годишниот пикер на францускиот Лимож, Хуан Андреу, по завршувањето на сезоната се враќа во татковината. Некогашниот шпански репрезентативец ќе игра за третолигашот Триана.
  • Шпанската репрезентативка Беатрис Ескрибано по шест години заминува од францускиот Нант и се враќа во татковината. Таа потпиша договор на една сезона со тимот на Елче.
  • Некогашниот холандски и полски репрезентативец Бартош Кониц, потпиша договор со белгискиот тим Спортинг Пелт и му стана соиграч на македонскиот интернационалец Влатко Тасевски. Кониц во Белгија се сели од германскиот Вилхемсхафенер.
  • Тимот на Трембле е најактивен француски клуб на трансфер пазарот. Најнова аквизиција е словенечкиот плејмејкер на германскиот второлигаш Гросшвалтат, Марко Матијашевиќ. 24-годишниот среден бек се обврза на двегодишна верност.
  • Шпанскиот Адемар Леон набрзина најде замена за Хрватот Дино Славиќ кој замина во Загреб. Во Леон доаѓа грчкиот интернационалец кој има само 19 години, Панајотис Папантонополус. Тој оваа сезона ги брани боите на Диомидис Аргус, а од лето ќе му биде конкуренција на екс вардарецот Калифа Гедбан.
  • 31-годишниот лев бек на Целје Пивоварна Лашко, Патрик Лебан се сели во Бундес лигата. Екс словенечкиот репрезентативец потпиша договор на две сезони со тимот на Ерланген.
  • Хрватскиот пикер Кристијан Беќири во новата ссезона ќе ги брани боите на бундеслигашот Балинген. Тој доаѓа во Балинген од второлигашот Ајзенах и се обврза на двегодишна верност, а претходно играше за Целје и Загреб.
  • По Игор Чуприна, рускиот тим Таганрог го донесе литванскиот репрезентативец Дејвидас Вирбаускас. 26-годишниот среден бек, што беше МВП на Балтичката лига оваа сезона, досега играше во татковината за Дубис, Гранитас и Драгунас.