ТРАНСФЕР МАРКЕТ: ПИК Сегед се засили со лево крило, Тоскиќ и Чурго донесоа пивот, Војновиќ во Шиофок

  • Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед го засили својот ростер со левото крило на Елверум, Александер Блонц. Норвешкиот репрезентативец потпиша договор на две сезони и ќе ја дели минутажата со Себастијан Фримел.
  • Бундеслигашот Гепинген го задржа во своите редови германскиот репрезентативец Себастијан Ханеман, кој ја продолжи верноста со клубот и ќе остане таму најмалку до 2024 година.
  • Данскиот плејмејкер на бундеслигашот Мелсунген, Ласе Микелсен, е блиску до камбек во татковината. Според данските медиуми, тој би требало да се врати во неговиот екс клуб Скјерн.
  • Словенечката репрезентативна голманка Маја Војновиќ, за која немаше место во Крим покрај Рисовиќ и Аренхарт, ќе има интернационален предизвик. Од лето ќе ги брани боите на унгарскиот Шиофок.
  • Досегашниот кружен напаѓач на унгарскиот Будакалас, Матко Ротим, ќе го смени клубот за следната сезона. Тој останува во Унгарија, но ќе ги брани боите на Чурго, каде што тренер е некогашниот вардарец Алем Тоскиќ.
  • Поранешниот десен бек на полската репрезентација Михал Шиба, на крајот на сезоната заминува од Азоти Пулави, бидејќи клубот не сака да ја продолжи соработката.
  • Австрискиот тим Алпла Хард донесе две засилувања за следната сезона. Станува збор за босанскиот репрезентативен десен бек Срѓан Предраговиќ, кој доаѓа од ЧСМ Букурешт и за литванскиот лев бек од Свиеса, Каролис Антавичиус.