ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Палмарсон останува во Барса, Веспрем го бара Вајлупов, ЧСМ Букурешт ја носи Брох

  • Иако данскиот Алборг го посакува во своите редови Арон Палмарсон, сепак исландскиот репрезентативец веројатно ќе остане во Барселона, а за продолжувањето на договорот ќе биде објавено деновиве.
  • Романскиот ЧСМ Букурешт по Тес Вестер, би можел да донесе уште една холандска репрезентативка во своите редови. Станува збор за Ивет Брох, која се реактивираше на ракометните терени по кратката пауза.
  • Десното крило Марко Ласица, кој настапуваше за романскиот Фагараш од стартот на сезоната не се согласи на преполовување на платата за пролетниот дел и замина од клубот. До крајот на сезоната ќе биде член на српскиот Партизан.
  • Норвешкиот десен бек Харалд Рајнкинд, кој во 2018 година дојде во Кил од Рајн Некар Левен, го продолжи договорот со „зебрите“ до 2024 година. На 125 меча за европскиот првак даде 374 погодоци.
  • Холандскиот репрезентативец Ефрахим Јери потпиша договор со швајцарскиот првак Кадетен Шафхаузен. Левиот бек на белгискиот Спортинг Нелт се обврза на двегодишна верност.
  • Унгарскиот гигант Веспрем го посакува десното крило Никита Вајлупов од Мешков Брест, кој има договор и за следната сезона со белорускиот тим. Маргуч и Шишкарев би можеле да добијат опасна конкуренција, иако рускиот интернационалец не покажа ништо особено откако се пресели во Унгарија.
  • Соиграчот на Филип Кузмановски од Хановер, Иван Мартиновиќ е на мета на конкурентот од Бундес лигата, Мелсунген. Младиот хрватски репрезентативец игра во одлична форма оваа сезона.