ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Павел Хорак останува „зебра“, Игор Марковиќ по пет години ќе има нов клуб

  • Босанскиот десен бек Дејан Малиновиќ, кој во последните три години настапуваше за романската Констанца, од наредната година ќе настапува за унгарската екипа Балатонфуреди со која потпиша договор на една сезона.
  • Црногорското лево крило Игор Марковиќ по пет сезони, си заминува од унгарскиот клуб Комло и во наредната година ќе има нов предизвик.
  • Литванецот со австриски пасош Витаутас Жиура, кој десет години беше дел од тимот на Фиверс Маргаретен, потпиша договор на две години со ривалот Леобен и таму ќе има двојна улога – играч и тренер.
  • Најдобрата ракометарка на црногорската екипа Левалеа, Наѓа Чоровиќ, во наредната сезона ќе биде дел од словачкиот шампион Хувента Михаловце.
  • Чешкиот репрезентативец Павел Хорак, го продолжи договорот со германскиот шампион Кил и ќе биде „зебра“ и во следната сезона.
  • Тимот на Васлуи најде нов кружен напаѓач за следната сезона, откако за романската екипа потпиша рускиот интернационалец Вјачеслав Касаткин, кој има 23 години и доаѓа од тимот на Виктор Ставропол.