ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Мешков Брест донесе двајца Шпанци и Хрват, Татран продолжи со Колодети и Пачеко

  • Белорускиот Мешков Брест има тројца нови ракометари за следната сезона. Станува збор за двајца шпански интернационалци – средниот бек Аугустин Касадо и десното крило Гонсало Перес Арсе, кои доаѓаат од Ла Риоха и Адемар Леон. Во Мешков доаѓа и лeвото крило од Нексе Нашице, Марин Јелиниќ.
  • Левиот бек Арон Менсинг ја продолжи соработката со бундеслигашот Фленсбург за уште една сезона и ќе биде дел од тимот до 2023/24. Данскиот интернационалец дојде лани од Холстебро.
  • Словачкиот првак Татран Прешов ги обнови договорите со бразилските интернационалци. Голманот Маркос Колодети и средниот бек Педро Пачеко ќе останат во Прешов до 2023 година.
  • Шпанскиот пивот Ињаки Песина ќе ги брани боите на францускиот Шамбери во следните три сезони, односно до 2025 година. Тој доаѓа во Шамбери од Екс ан Прованс, а во спротивна насока ќе замине литванскиот бек Гердас Бабарскас.
  • Романската репрезентативна голманка Елена Шербан го продолжи договорот со Дунареа. Шербан ќе остане во тимот од Браила и во следните две сезони, односно до 2024 година.
  • Десното крило Ларс Вајсгербер ќе остане во бундеслигашот Вецлар и во наредните две години. Вајсбергер досега има одиграно 108 натпревари и постигна 124 гола во Бундес лигата.
  • Словачкото десно крило Томаш Урбан и германскиот десен бек Макс Штар ги продолжија договорите со Минден. Новите соработки ќе бидат активни до 2024, односно 2025 година.