ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Косоротов во Веспрем, репрезентативец на Хрватска замина од Висла Плоцк…

  • Репрезентативецот на Русија и актуелен член на Висла Плоцк, Сергеј Марк Косоротов во следната сезона ќе настапува за унгарскиот гигант Веспрем, пренесува порталот „Handball Planet“. Косоротов, кој настапува на позицијата лев бек би требало да биде замената за Петар Ненадиќ. Како што е веќе познато, српскиот репрезентативец не го продолжи договорот со Веспрем.
  • Екипата на Висла Плоцк и голманот од Хрватска, Кристијан Пилиповиќ меѓусебно го раскинаа договорот од лични причини. Хрватот се приклучи во редовите на полскиот вицепрвак на почетокот на оваа сезона и неговиот договор беше со важност од две сезони. Сепак, двете страни на заедничка согласност одлучиле да ја прекинат соработката. Пилиповиќ во Висла Плоцк пристигна од редовите на Кадетен Шафхаузен
  • По банкротот на некогашниот учесник во Лигата на шампионите, тимот на Рандерс од Данска, поголемиот број на играчи успеаја да пронајдат нов клуб. Една од поквалитетните ракометарки во Данска, десниот бек Николин Олсон, која ги мина сите младинските категории во данската репрезентација е новата ракометарка во екипата на Хорсенс. Олсон и челниците не поранешниот дански шампион се договорија на соработка, кјаќе биде со важност до крајот на јуни, 2023 година.
  • Двете ракометарки на Виборг, Тоње Енкеруд и Матилдa Ривас Тоф од следната сезона ќе играат за шампионот од Шведска, Сторхамар, кој во оваа сезона го има дебитанскиот настап во Лигата на шампионите и има големи шанси да обезбеди пласман во следната фаза од најквалитетното европско натпреварување.