ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Кастамону се засили со Веткова, Целје купи двајца талентирани Црногорци

  • Словенечкиот првак Целје донесе во своите редови двајца талентирани црногорски репрезентативци во младите категории – бековите Радојица Чепиќ и Арсеније Драгашевиќ.
  • Откако ја донесе Алена Ихнева, турскиот првак Кастамону, се засили со уште една руска интернационалка – пикерот Екатерина Веткова, која претходната сезона беше дел од францускиот Дижон.
  • Предраг Вејин е новиот десен бек на Висла Плоцк, а тоа значи дека полскиот вицепрвак се откажа од услугите на Константин Игропуло, чиј договор нема да биде продолжен.
  • Поранешниот црногорски репрезентативец Фахрудин Мелиќ, кој во претходните три години настапуваше за францускиот Шамбери, се сели во нов клуб, но ќе остане во Франција. Десното крило потпиша договор на две години со Сен Рафаел.
  • 30-годишниот плејмејкер Марко Крсманчиќ, кој во последната година играше за унгарскиот Дабас, по финансиските проблеми на овој клуб реши да побара нова средина и ќе се врати во претходниот клуб од Австрија – Алпла Хард.
  • Специјалистот за одбрана кој стана европски шампион со Келце пред пет години, Матеуш Кус, го напушти украинскиот првак Мотор Запорожје и ќе се врати во татковината, каде ќе игра за тимот на Калиш.