ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Екс играч на Прилеп се врати дома, ЧСМ Букурешт донесе двајца Босанци

  • Единствениот српски претставник во европските купови, Железничар Ниш, донесе две засилувања пред новата сезона. Станува збор за Стефан Тркуља, младински репрезентативец на Србија, кој доаѓа од Металопластика, а игра на левата бековска позиција и Владан Аризановиќ, среден бек кој доаѓа Мачва.
  • Црногорскиот кружен напаѓач Адмир Пеледија, кој минатата сезона беше член на францускиот второлигаш Бијер, потпиша договор со амбициозниот романски тим Бузау на една сезона. Овој тим е предводен од некогашниот тренер на Вардар, Перо Милошевиќ.
  • Романскиот ЧСМ Букурешт ги обезбеди потписите на двајца босански интернационалци. Станува збор Марко Давидовиќ, среден бек кој во Букурешт доаѓа од унгарската Татабања и Срѓан Предраговиќ, десен бек, кој доаѓа од швајцарскиот Базел, а претходно има играно за Гумерсбах, Есен, Гепинген, Линц и Борац.
  • Некогашниот ракометар на Прилеп, Горан Шаренац, во новата сезона ќе игра за босанската екипа Локомотива Брчко. Искусниот 30-годишен лев бек играше во Градачац, Слога Добој, Хапоел Ашдод, францускито Монтелимар, а во Брчко доаѓа од италијанскиот тим Гаета.
  • Црногорскиотдесен бек Балша Цејовиќ, кој минатата сезона ја одигра во дресот на грчкиот ПАОК Солун, во новата сезона ќе има нов предизвик откако потпиша за шпанскиот Бенидорм. Тимот од Асобал лигата претходно го обезбеди и потписот на искусното лево крило од Спортинг Лисабон, Иван Никчевиќ.