ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Екс играч на Металург ја засили Висла Плоцк, Ростов ја купи најдобрата шведска ракометарка

  • Најдобрата шведска ракометарка за 2019 година, Ана Лагерквист, која досега играше за данскиот Никобинг, потпиша за рускиот шампион Ростов Дон и ќе биде замена за пензионираната Маја Петрова.
  • Црногорската голманка Теа Мариновиќ, која досега беше дел од францускиот третолигаш Ангулем, потпиша за тимот на Шамбре Турен.
  • Полскиот репрезентативец Матеуш Пиечовски, кој досега беше член на вицепрвакот Висла Плоцк, потпиша договор на една година со можност за продолжување на уште една со шпанскиот Адемар Леон.
  • Рускиот среден бек Инал Афлитулин, кој претходно беше дел од Мотор, Баја Маре, Бергишер, Веспрем, Егер и ЦСКА Москва, потпиша договор на една година со тимот на Виктор Ставропол.
  • Десното крило од Црна Гора, Марко Ласица, кој во последните две сезони беше член на турскиот шампион Бешикташ, потпиша договор со романскиот тим Фагараш.
  • Словенечкиот Тримо Требње, чиј нов тренер е Урош Зорман, донесе две засилувања за новата сезона. Станува збор за централниот бек Грегор Поточник од унгарскиот Чурго и десниот бек Озгур Сарак кој доаѓа од турскиот шампион Бешикташ.
  • Поранешниот десен бек на Металург, Предраг Вејин, кој минатата сезона ја мина во израелскиот Рамат Хашарон, е нов ракометар на полскиот вицепрвак Висла Плоцк.
  • Црногорскиот голман Миле Мијушковиќ си замина од Синфин Сантандер, но ќе остане во Шпанија и ќе брани за второлигашот Сан Пабло Бургос.