ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Екс голман на Металург останува во Вогошча, Дабевска доби нова колешка во Дунајварош

  • Словенечкиот голман Грегор Лоргер, по 14 сезони играње во странство, се врати во татковината и ќе го чува голот на тимот на Марибор, со кој потпиша договор на една година.
  • Некогашниот чувар на мрежата на Металург, Дамир Ефендиќ, го продолжи договорот со босанската Вогошча за уште две сезони и ќе остане во овој тим најмалку до 2022 година.
  • Португалската екипа Бенфика објави дека се продолжени договорите на двајца ракометари. Станува збор за левото крило Жоао Паиш, како и десниот бек Белоне Мореира, кои ќе ги бранат боите на тимот од Лисабон во сезоната 2020/2021.
  • Некогаш големиот талент на босанскиот ракомет, Владан Лончар, во новата сезона ќе ги брани боите на словенечкиот тим Горење. Левиот бек беше член на ПИК Сегед, играше за шпанскиот Грањолерс, Ѓенѓеш и Некце Нашице.
  • Португалскиот Спортинг Лисабон го обезбеди потписот на 21-годишниот голман  Мануел Гашпар, кој ќе го продолжи да чува голот на овој тим и во следните две сезони.
  • Белорускиот голман Артем Подосинов, кој бранеше за францускиот Бијер, полскиот Калиш, Динамо Минск, Гомел и СКА Минск, во новата сезона ќе биде член на Дунареа Калараши. За романскиот тим потпиша и рускиот десен бек Алексеј Карибов.
  • Поранешната унгарска репрезентативка Анита Булат, потпиша за тимот на Дунајварош, каде што ќе игра и македонската интернационалка Сања Дабевска. Булат ќе игра уште една година, но потоа ќе остане да работи во клубот.