ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Дибирова ќе има познато име за асистент, Вецлар носи нов тренер, Таминен „доживотно“ во Кокс…

  • Некогашниот десен бек на Еурофарм Пелистер, Никола Ивановиќ, во новата сезона ќе настапува за романската Баја Маре. Претходно српскиот интернационалец ги бранеше боите на Татран Прешов, Ференварош, Партизан…
  • Според пишувањата на „Брз Центар“, поранешниот руски репрезентативец Дмитри Ковалев ќе биде асистент на клупата на Ростов Дон на Ирина Дибирова. Некогашното десно крило досега работеше во вториот тим на Чеховски Медведи.
  • Данскиот Скјерн објави дека е потпишан тригодишен договор со 21-годишниот лев бек од Португалија, Хоаким Назаре. Тој минатата сезона стана најдобар стрелец во Асобал лигата носејќи го дресот на Куенка.
  • Романската Констанца го донесе аргентинскиот репрезентативец Гастон Мурињо. 28-годишниот пикер беше член на руските Донски Козаки и ЦСКА Москва, како и на шпанските Ваљадолид, Замора и Бидасоа.
  • Бундеслигашот Вецлар ќе го промовира за нов тренер досегашниот стратег на Минден, Франк Карстенс, а нашата легенда Филип Миркуловски ќе му биде асистент. Филип Кузмановски има уште една сезона договор со Вецлар.
  • Жикица Милосављевиќ не е повеќе тренер на српскиот Раднички Крагујевац. Некогашното десно крило на Куманово, а сегашен асистент на Тони Херона во српската репрезентација, замина од Крагујевац по истекот на договорот.
  • Најдобриот и најпознатиот фински ракометар, Тему Таминен, го продолжи договорот со тамошниот шампион Рихимаки Кокс. Тој се обврза на нова соработка на четири сезони и ќе остане во Кокс до 2027 година.