ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Гавашелишвили од Прилеп во Шабац, Шкурински се врати во Мешков, втор Хрват во Олимпијакос…

  • Турскиот Бешикташ кој своевремено играше во Лигата на шампионите, склопува силен тим за следната сезона. Потпиша шпанскиот стратег Оливер Рој Камино, кој своевремено беше во стручниот штаб на Барса, десниот бек од Тримо – Михајло Радојковиќ, како и словенечкиот лев бек Тобијас Цветко.
  • Десното крило Иван Вида ќе биде замената за австрискиот репрезентативец Роберт Вебер во дресот на вицепрвакот на јужниот сосед на Македонија, Олимпијакос. Вида доаѓа од Нексе Нашице, а претходно настапуваше за тимот на Дубрава. Претходно потписот на договорот со Олимпијакос го стави и Иван Слишковиќ.
  • 28-годишниот руски репрезентативец Александар Шкуринскиј по две сезони минати во францускиот Нант, се враќа во тимот каде што играше четири години. Тој потпиша договор на две сезони со белорускиот првак Мешков Брест. За Нант поради проблемите со повреди одигра само 21 натпревари.
  • По Жилберто Дуарте, тимот на Екс Ан Прованс промовираше уште нови имиња пред стартот на новата сезона. Левиот бек Дмитри Горига, кој оваа сезона играше за Мотор Запорожје се обврза на договор на две години, додека во Екс Ан Прованс доаѓаат и голманот Денис Сердаревиќ и пикерот Андреа Паризини.
  • Голманот на Веспрем и на унгарската репрезентација Криштоф Палашич заминува од шампионото на Унгарија и ќе се пресели во Асобал лигата. Тој ќе биде позајмен од Веспрем во составот на Ла Риоха.
  • Тимот на Фредериција од Данска, каде што тренер е Гудмундур Гудмундсон, потпиша договор на две сезони со кружниот напаѓач Евгени Певнов, кој до крајот на оваа сезона играше за Хановер, а претходно настапуваше Лудвигсхафен, Гепинген, Гумерсбах и Хановер.
  • Левиот бек Мириани Гавашелишвили, кој последните сезони го носеше дресот на Прилеп, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата. Грузискиот репрезентативец се договори за соработка со српскиот тим Металопластика Шабац.