Трансфер бомба од Чешка: Хорак се враќа во татковината!

Еден од легендите на чешкиот ракометар, Павел Хорак, кариерата ќе ја продолжи во својата татковина, Чешка. Искусниот лев бек, кој има 39 години во последните три сезони мина во редовите на Кил, со кој успеа во сезона 2019/20 да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Хорак беше промовиран како ново засилување во амбициозниот проект на Ловосице. Се работи за клуб кој во минатата сезона оствари солидни резултати на домашна сцена и заврши на 5. позиција во плеј-оф фазата од Супер лигата на Чешка.

„Почувствував дека е крајно време да се вратам дома. Ова им го ветив на моите деца кои живеат во Варнсдорф. Сакам да истакнам дека уште сакам да играм ракомет и екипата на Ловосице беше најоптимално решение за мене со оглед на географската локација. Ми се допаѓа како се развива клубот и со нетрпение чекам да заиграм за оваа екипа“, изјави Хорак за официјалната страна на Ловосице.

Својата кариера, Хорак ја започна во Баник Карвина од каде што замина во германското првенство и таму настапуваше 11 години. Го носеше дресот на Ахелер, Гепинген, Фуксе Берлин и Ерланген пред да замине во Мешков Брест во 2017 година. Во текот на 2019 година ги засили редовите на „зебрите“.