Трагедија во Турција: Минибус излета во провалија, загинаа две ракометарки!

Големата трагедија што се случи изминатиот викенд во Турција близу градот Јозгат ја потресе јавноста во оваа земја.

Минибусот во кој патувале младинките на тимот на Генчербирлиги излетал во провалија, при што животот го загубиле 14-годишната Гоксу Акјел и 12-годишната Синем Аксу.

Покрај двете жртви во оваа сообраќајна несреќа, повредени се сите останати 15 патници, ракометарки и дел од стручниот штаб.