Трагедија: Босански ракометар загина во сообраќајна несреќа!

Доцна синоќа се случила сообраќајна несреќа со трагични последици во босанскиот град Чапљина.

Иван Бркиќ, ракометар кој настапуваше за локалниот клуб Чапљина, со својот автомобил излетал од патот Чапљина – Мостар во 1:00 часот по полноќ.

Му била пружена прва помош од вработените во Здравствениот Дом во Чапљина, а Бркиќ починал во болницата во Мостар.