Тоше Ончев го поведе „колото“ – свадбарско (ФОТО)

И овој викенд продолжува трендот на ракометни свадби, кој започна со завршувањето на сезоната на стартот на јуни.

Во редот на ракометарите што повеќе не се ергени од пред две години е левиот бек Тоше Ончев, но свадбата мораше да почека поради короната.

Велешанецот и неговата избраничка Наталија, со која од пред две години е во граѓански брак, денеска се венчаа во црква и направија свадба во еден од велешките ресторани на која беа присутни многу од колегите на Ончев.

Тој по настапите за словенечкиот Тримо Требње, по една сезона се враќа во Македонија и од ова лето па во следните три сезони ќе го носи дресот на Охрид.