Тоскиќ: Знаев дека Вардар ќе стане европски шампион, но не се каам што заминав

Поранешниот пикер на Вардар и репрезнетацијата на Србија, Алем Тоскиќ започна со тренерска кариера и успешно го предводи унгарскиот тим на Чурго. Тој во разговор за „Балкан Хендбол“ говореше за времето поминато во Скопје и инспирацијата да започне со тренерска работа.

Тоскиќ помина три сезони во Вардар, но си замина пред „црвено-црните“ да ја освојат првата титула европски шампоион. И покрај тоа тој смета дека направил многу во неговата кариера и ништо не би менувал доколку би можел.

„Ништо не би променил во мојата кариера, точно е дека не играв на страна освен на Балканот, но тоа беа најголемите клубови. Загреб, Целје, Вардар а потоа и Горење сите тие се големи клубови и ништо не би сменил. И доколку би имал шанса нешто да сменам сега повторно исто би одбрал. Многу сум задоволен од себе, дадов се што можев и сметам дека имав добра играчка кариера“, рече Тоскиќ.

Тоскиќ замина од Вардар токму кога екипата играше најдобро и се очекуваше да стигне до Келн, но тој смета дека ја направил вистинската одклука.

„Додека бев во Вардар сите претпоставуваме дека еден ден клубот ќе стигне до фајнал форот во Лигата на шампионите. Постојано бевме на гол или два до тој пласман, немавме среќа против Веспрем и Келце. Јас знаев дека Вардар ќе отиде во Келн, бидејќи Раул имаше таква филозофија, имаше одврзани раце и одличен спонзор кој можеше да му ги донесе играчите кои ги сака. Јас заминав од други причини и не се каам за таа одлука. Едноставно така сум воспитан и семејството беше на прво место, си заминав заради семејството и да започнам мирен живот, бидејќи три години бев сам во Скопје. Кој знае што ќе беше ако останев, не се каам едноставно Вардар заслужи им честитам од срце. Вложуваа и заслужија да бидат шампиони на Европа“, коментираше Тоскиќ.

Главен виновник за тоа што Тоскиќ започнал со тренерската работа, започнал со тренерската работа е Раул Гонзалес.

„Во играчката кариера најголемо влијание на мене имаше Раул Гонзалес, едноставно кога тој човек дојде во Скопје гледањето на ракометот се промени. Од една многу скромна екипа после две години направи шампион на Европа. Сите играчи кои беа тогаш од тимот, сите можат да кажат дека напредувале. Тоа е сигурно, и оние кои помалку играа и оние кои играа повеќе. Неговата филозофија како работевме, трениравме и игравме натпревари, начинот како се подготвувавме и авторитетот на знаење ме сврте и мене кон тоа еден ден и јас да станам тренер. Постојано се навраќам на времето додека работевме со него и сега често се консултирам и ми помага“, заврши Тоскиќ.