Том О’Браниген: Во еден момент во Скопје се прашав – Дали сум јас безбеден овде?

Еден од најпознатните коментатори во светот на ракометот Том О’Браниген во интервју за handballfast.com ги сподели своите најинтересни моменти во кариерата, но и посетата на одредени места.

Меѓу градовите кои ги споменува е и Скопје, но и публиката, која му оствила исто така впечаток.

„Тешко е да се работи доколку сте на некое непријатно место. Еднаш кога бев во Скопје се најдов речиси под покривот. Во одреден момент публиката почнува да се однесува како луда. Во тој момент си помислив: ‘Дали сум јас безбеден овде?’ Се сеќавам дека и во Велење имам случка. Ме ставија на маса на која веќе седеше и друг новинар. Кога работев на компјутер неговиот дел од масата с тресеше и обратно. И така беше во текот на целата средба“, вели О’Браниген.

Тој секогаш имаше одлични коментари за Вардар особено во сезоните кога беа освоени титулите.