Томовски: Тешко е да се најде мотивација во „Президент Купот“, но секогаш мора да го даваме најдоброто од себе

Македонија во третиот натпревар од Призидент Купот на Светското првенство 2023 забележа убедлива победа против Мароко, со резултат 40:25, со што го оствари вториот мундијалски триумф на шампионатот.

Еден од најзаслужните за победата над Мароко беше голманот Мартин Томовски, кој дуелот го заврши со двоцифрен број на одбрани.

„Во овој Призидент Куп тешко е да се најде мотивација. Но, секогаш мора да се бориш и да го дадеш најдоброто од себе. Секако, ние сакавме да победиме, исто така и на претходниот натпревар со Тунис. Беше навистина тешко и сега ни преостанува уште еден меч за играње и ние ќе направиме се за да победиме. На таков начин ќе имаме подобра слика за да може да ги анализираме нашите грешки за во иднина”, изјави Томовски.

Македонија на Мундијалот ќе игра за 27. позиција, а противник ќе биде селекцијата на Јужна Кореја.

Натпреварот меѓу Македонија и Јужна Кореја ќе се игра на 25 јануари во среда од 18:00 часот во „Орлен Арена“ во Плоцк.

Македонија го декласираше Мароко за втора мундијалска победа