Томовски со „десетка“ се збогува од Бундес лигата, победи за Кузмановски и Миркуловски

Македонските интернационалци во Бундес лигата ја завршија долгата и напорна сезона. Во 38. коло сите четворица, Миркуловски, Кузмановски, Томовски и Пешевски беа на терените со своите екипи.

Филип Миркуловски сезоната со својот Вецлар ја зарши со победа на домашен терен откако го совладаа Минден со 28:25. Уште по првите 30 минути Вецлр имаше предност од 16:13 која ја сочува до крај. Филип Миркуловски на последниот сезонски натпревар постигна два гола. Вецлар сезоната ја заврши на 10. позиција на табелата.

Жарко Пешевски и Штутгарт во последното коло од Бундес лигата на домашен терен одиграа нерешено со Мелсунген 26:26 што беше доволно на крајот од сезоната да бидат пласирани на 14. место. Жарко Пешевски погоди трипати на овој дуел.

Мартин Томовски со својата екипа Лудвигсхафен загуби на свој терен од Гепинген со 25:27 на последниот негов настап во бундеслигашот. Томовски имаше уште еден добар натпревар со 10 интервенции, а неговиот клуб од следната сезона се сели во втората лига откако завршија на 17. место кое значи испаѓање.

Хановер на Филип Кузмановски го совлада Лајпциг со 31:28 и со триумф за затвори сезоната. Водството од 16:12 на Хановер на полувреме беше сосема доволно и за конечен триумф. Кузмановски не успеа да постигне гол на натперварот, а сезоната Хановер ја заврши на 11. позиција на табелата.