Томовски солиден, Лудвигсхафен немаше шанси против „зебрите“

Тимот на Лудвигсхафен, каде што брани македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, загуби во 36 коло од Бундес лигата.

Шампионот Кил беше подобар и победи со 29-20 на гостински терен, откако на полувремето имаше плус три, 13-10.

Томовски имаше минутажа на овој натпревар и успеа да забележи шест одбрани, односно 24% успешност.

Лудвгисхафен е во опасната зона со 24 бода на две кола до крајот и ќе се бори за опстанок со Минден и Балинген.