Томовски: Мора повеќе да покажеме борба, жар…

Македонската репрезентација во рамки од 3. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 пружи голем отпор против Португалија, но остана без бодови, откако селекцијата на Переира триумфираше со 29:23.

Македонија во второто полувреме се врати во игра, направи пресврт, но не го издржа брзиот ритам со гостите.

Еден од најзаслужните за доброто издание на Македонија во вториот дел, особено во моментите кога нашата репрезентација фаќаше залет, беше голманот Мартин Томовски, кој имаше свои моменти со една од подобрите репрезентации на европска сцена.

,,Португалија не е противник што се добива за 10-15 минути во прво и второ полувреме, станува збор за доста квалитетна репрезентација, тие се во голем подем, ние имавме некои промени, мора да веруваме во тоа што го работиме, мора повеќе борба, повеќе жар, одбраната мора да ја попоравиме, а за нападот секогаш ќе се најде решение. Верувам дека и стручниот штаб и ние, ставивме акцент на одбраната во овој период, анализиравме заедно и нормално, верувам дека ќе биде подобро и подобро”, изјави Томовски.

Реванш средбата меѓу Португалија и Македонија се игра на 12 март со почеток во 18:30 часот во Матосињос.

Македонија пружи отпор, но Португалија ја однесе победата