Томовски и Лудвигсхафен со одлично прво полувреме, но Фуксе се радуваше на победата

Ракометарите на Фуксе Берлин денес триумфираа против Лудвигсхафен со резултат 28:21 во рамките од 25.коло од Бундес лигата. Фаворитот се соочи со голем отпор од помладата екипа на Лудвигсхафен, но сепак бодовите останаа за нив.

Гостинската екипа на Лудвигсхафен одигра одлично прво полувреме, а неколку успешни интервенции имаше и голманот на македонската репрезентација, Мартин Томовски. На полувреме, Томовски и неговите колеги имаа предност од еден гол разлика, 13:12.

Сепак, во второто полувреме, Фуксе Берлин ја потврди својата форма и со поголемото искуство успеа да стигне до посакуваната победа.

Томовски успеа да запише 6 интервенции во денешниот натпревар. Неговиот колега од противничката екипа, Дејан Милосављев успеа натпреварот да го заврши со 12 интервенции. На табелата екипата на Лудвигсхафен се наоѓа на 19. позиција со 11 освоени бодови.