Томе Петрески не е повеќе тренер на Тиквеш

Тиквеш од Кавадарци ќе има нов предводник во пролетниот дел од сезоната. Досегашниот стратег Томе Петрески не е повеќе дел од кавадаречката екипа со која успеа да се пласира во суперлигашкото друштво минатата сезона.

Петрески пристигна во Кавадарци на стартот на пролетниот дел од минатата сезона, но не го водеше тимот на многу натпревари поради ковид прекинот. Сезонава Тиквеш одигра неколку одлични натпревари, но имаше и неколку киксови поради кои нема да игра во плеј-оф.

Кавадарчани оваа сезона ќе бидат дел од плеј-аутот, иако беа во игра до последното коло за место во разигрувањето за титулата.

Подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе стартуваат деновиве, кога ќе бидат познати и сите детали за новиот стручен штаб.