Томас ѝ кажа збогум нa Барселона (ФОТО)

По скоро две децении поминати во дресот на Барселона, десното крило Виктор Томас беше приморано да ја заврши кариерата.

Пред половина година беше констатирано дека Томас има срцеви проблеми и дека не смее да продолжи со активното играње.

Доскорешниот капитен на каталонскиот гигант на социјалните мрежи напиша емотивно писмо со кое се прости од клубот во кој ја помина целата кариера.

„Ова е еден од најтешките моменти во мојот живот. Се простувам од Палау Блауграна каде како играч поминав прекрасни 18 години. Клубот ми даде многу, а јас секогаш се трудев да вратам на вистински начин. Ситуацијата со коронавирусот не ми дозволи да се простам како што посакувам, но тоа е животот. Им благодарам на сите за поддршката и пораките кои ми ги испратија. Нема да лажам, за мене ова е една од најтешките одлуки. Од утре почнувам со нови предизвици, но Барселона секогаш ќе остане во моето срце“, напиша Томас.

На десната крилна позиција во Барселона сега играат Алекс Гомез и Блаж Јанц.