„Ти си луд што одиш во Србија, зарем не знаеш каков е нивниот менталитет“

Српската ракометна федерација денеска го промовираше Шпанецот Тони Херона за селектор на машката репрезентација.

Херона не наиде на голема поддршка меѓу ракометните стручњаци во северниот сосед и откри дека и неговите пријатели исто така не го советувале да ја прифати работата.

„Кога ја прифатаив понудата од српската федерација, многу пријатели ми се јавија и ми рекоа  – ти си луд, зарем не знаеш каков е нивниот менталитет. Тоа е сликата што постои за Србите ширум светот, дека имаат многу цврст карактер. Но, јас секогаш велам дека ми е подраг силен карактер отколку слаб, оној што треба да го поттикнуваш за сè што сакаш да постигнеш. Затоа што ако имате во екипата ракометари со силен карактер и ги натерате да работат заедно, сигурен сум дека нешто добро ќе излезе од тоа“, вели шпанскиот стручњак за српски „Телеграф“.

Херона ќе дебитира на српската клупа на натпреварите од квалификациите за пласман на Европското првенство во ноември.