Тиквеш се пофали со нов ракометар – потпиша Здравко Постолов

Тимот на Тиквеш од Кавадарци се пофали со првото зимско засилување. Станува збор за левиот бек Здравко Постолов, кој досега беше дел од Радовиш.

Постолов се обврза на верност кон Тиквеш до крајот на следната сезона и ќе биде опција плус во двата правци на играта.

Освен за матичниот клуб, Постолов настапуваше и за Вардар Јуниор и Јуниор Кисела Вода пред три сезони. Неколку сезони наназад е меѓу најдобрите стрелци во суперлигашкото друштво.

Кавадарчани и оваа сезона ќе бидат дел од разигрувањето за титулата во Суперлигата и ќе се обидат да изборат место во европските купови.