Тиквеш се мачеше против Голден Арт во Скопје, ама со победа ја заврши годината

Во меч без резултатско значење за домаќинот кој веќе знаеше дека ќе стартува во плејаутот со три бода, поголем притисок имаше кај гостите од Кавадарци кои се мачеа до последниот свиреж, но победија со 27-24 (14-13) и останува да се надеваат на изненадување на другите мечеви.

Тиквеш мораше да победи, за да може да се надева на евентуален кикс на Еурофарм Пелистер 2 утре против Јуниор Кисела Вода. Нешто што е малку веројатно, но спортски е да се надева. До утре ќе бидат третопласирани во групата, а потоа ќе се знае дали ќе пренесат еден бод во пролетниот дел. Скопјани секако влегуваат во плејаутот со три бода, како најдоро пласирани од оние што во групната фаза биле од 5 до 8 место.

Клучен период на средбата беше последната четвртина кога Голден Арт имаше период од седум минути без постигнат гол. Во 47 минута беше 20-19 з адомаќините, а три минути подоцна Тиквеш веќе водеше со 22-20. Симиќ зголемува на 23-20 во 52 мин. како најава за нов гостински триумф.
По пауза по седум микнути Голден Арт постигнува гол и намалува на 21-23, а нова неизвесност донесе Христијан Милошески кој во 55 минута намалува на 22-23.

Можеби и ќе имаше интересна завршница ако двата тима продолжеа комплетни. По меѓусебна расправија во 56 минута, исклучени беа Даев и Стефановиќ, што им отвори простор на напаѓачите полесно да погодуваат.

Преку Стојановски гостите зголемуваа бна 24-22. Го игра „гол за гол“ гостите зголемија на 26-24, а потоа Лазов украде една топка и во контра ги реши дилемите околу победникот зголемувајќи на 27-25 на 1,5 минута до крај на средбата.

Домашните ракометари уште во првото полувреме покажаа дека тешко „ќе ја продадат кожата“, па иако во еден момент имаа негатива од четири гола (7-11) го држеа наметнатото темпо. Со одличните одбрани на Златко Даскаловски и “збиените редови“ полека, се топеше предноста на гостите. Пред самиот крај Голден Арт израмни на 13-13 што им донесе нов мотив на скопјани. Тиквеше имаше шанса да замине на одмор со „плус 3“, но пеналот од Страхиња Симиќ заврши во стативата на голто на Голден Арт. Немаше време за контранапад и за израмнување. Но, „тесниот резултат“ значеше неизвесност до самиот крај.

Првата шанса на Голден Арт за израмнување на почетокот на вториот дел не ја реализира, а во следниот напад Тиквеш поведе со 15-13. Желбата за победа кај домашните очигледно беше огромна, па израмнија на 16-16 во 38 минута, а потоа и на 17-17 во 41 минута. Во 45 минута домаќините првпат поведоа, ама на не издржаа до крај.

Во тимот на домашниот Голден Арт најпрецизен беше Дејан Гошевски со 10 гола, а Христијан Милошевски погоди шест пати. Кај гостите од Кавадарци најмногу голови постигна Стахиња Симиќ, седум а пет даде Димитар Коцев.