Тиквеш реди победи и оди сè повисоко, ја совлада Струга и влезе во Топ 6

Екипата на Тиквеш продолжува со победничката серија, а новата победа дојде против составот на Струга со 28:25 така што кавадарчани веќе имаат четири победи со враќањето на Горан Андоновски на тренерската позиција.

На средбата против Струга тимот на Тиквеш беше во постојана предност. Од почетокот на натпреварот можеше да се види одлична контрола на теренот, а ритамот кој се имаше овозможуваше составот на Тиквеш да биде во константно водство. Предноста беше еден или два гола, но беше сосема доволна за да може да се контролира играта.

Тиквеш беше за нијанса подобар во првите 30 минути така што успеа да дојде до предност од 13:11, а тоа беше најава за интересен втор дел од натпреварот.

Во продолжението Струга успеа да направи пресврт. Израмни брзо на 13:13, а потоа имаше и водство од 17:15. Тука се случија клучните минути на средбата. Подобра одбрана, интервенции на голманот и 4:0 за нов пресврт. Тиквеш поведе со 19:17 и тргна кон победа на средбата. Од овој момент предноста постојано растеше. Се искачи до шест гола, 27:21 и тука веќе беше и решен победникот.

До крајот остануваа седум минути така што требаше само да се потроши времето и да се освојат нови три бода. Тиквеш знаеше да истактизира доволно добро за да може да ја добие победата на оваа средба и успеа да го направи тоа со 28:25.

Новиот триумф го внесе Тиквеш во плеј-оф групата бидејќи успеа да го помине Охрид и сега има три бода повеќе и ја чува 6. позиција на табелата со можност и за уште поголем напредок во следните неколку кола.

30 октомври 2021
28 - 25
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
30 октомври 2021 20:21 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 30.10.2021 60'

Место

СЦ „Јасмин“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ТИКВЕШ 20141328Победа
СТРУГА1125Пораз

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Александар Стојаноскиголман00
3Дарко Кондевлево крило11
10Стефан Дрогришкилев бек07
11Никола Стефановиќпивот02
12Марјан Велковголман00
14Марио Гичевцентрален бек00
15Димитар Коцевлево крило02
17Борче Соколовцентрален бек00
18Евгениј Темелкоскидесно крило00
19Дејан Гошевскидесен бек04
26Ристо Окардовпивот00
33Страхиња Симиќцентрален бек09
44Марко Трајковскипивот00
77Јане Јанчевцентрален бек03
 Вкупно 128

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Дамјан Тутенковскиголман00
2Петар Маркоски-13
3Славе Јанковскилево крило02
4Христијан Крстаноскилев бек02
5Бобан Савески-01
6Филип Пајкоскипивот01
7Бобан Блажескидесно крило05
9Пеце Ѓорѓиоскипивот02
11Тодор Јанкулоскидесно крило00
12Никола Матовиќголман00
19Жарко Барјактаревиќдесен бек03
20Ивица Дукоскицентрален бек00
22Владан Кастратовиќцентрален бек03
24Ненад Костоскилево крило11
25Никола Цветаноскилев бек02
88Никола Нацевцентрален бек00
 Вкупно 225

Officials

Судии:Делегат:
ГЕОРГИЕВСКИ ДЕЈАН
ГЕОРГИЕВСКИ ДИМИТАР
НИКОЛОВСКИ АЦО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515