Тиквеш има ново десно крило – потпиша Евгениј Темелкоски

Тимот на Тиквеш од Кавадарци продолжува со комплетирање на играчкиот ростер за следната сезона.

Првото засилување за суперлигашот е десното крило Евгениј Темелкоски, кој лани ги бранеше боите на Голден Арт КЛ7 и беше меѓу најдобрите стрелци.

Младиот Темелкоски, освен за скопскиот клуб, претходно играше и за матичниот клуб Прилеп, како и за Работнички.

Тој ќе му прави друштво на искусниот капитен Орданчо Лазов на десната крилна позиција. Кавадарчи претходно го решија тренерското прашање со ангажманот на Ристо Магдинчев.

Подготовките на Тиквеш стартуваат на 29 јули, а договорени се настапи на турнирите во Струга и во Прилеп.