„Те купив од мајка ти за шише шампањ“

Поранешната репрезентативка на Русија, Ирина Близнова, пред неколку месеци беше промовирана како генерален директор на клубот Лада Тољати.

Близнова која беше и капитен на руската репрезентација во интервју за „Брз Центар“ зборуваше за нејзината кариера, ракометните почетоци, настапите во репрезентацијата и откри некои интересни детали.

„Кога имав 13 години, Наталија Циганкова дојде во Краснодар и ме покани да се приклучам во црногорскиот клуб, Будуќност. Јас си дојдов во својот дом и реков: „Сакам да одам во Црна Гора“. Останав цело лето таму, но зборував сосема спротивно „Одведи ме дома, повеќе не сакам ништо “. Една година подоцна бев повикана од вториот тим на Лада Тољати. Јас на почетокот не ја прифатив поканата, но моите родители донесоа одлука дека морам да одам. Ништо не можеше да влијае на мене, освен Евгениј Трефилов. Тој подоцна ми рече „Те купив од мајка ти за шише шампањ“, иако мајка ми рече дека станува збор само за шише минерална вода. Така започна мојата професионална кариера. Кога завршив 11 одделение , Евгениј Василевич ме однесе во првиот тим на Лада и од 2003 година започнав да играм во клубот”, изјави Близнова.

Близнова за репрезентацијата на Русија настапуваше од 2005 до 2017 година. Вкупно во репрезентативниот дрес има одиграно 124 официјални натпревари и постигнато 369 гола. Најголемиот успех го постигна во 2016 година кога го освои златниот медал со својата репрезентација на Олимписките игри во Бразил. Во својата клупска кариера го носеше дресот на Лада Тољати.