Татран Прешов убедлив, го реши осминафиналето со Војводина во 60 минути

Ракометарите на Татран Прешов одиграа одличен натпревар и забележаа важна победа на гостувањето кај Војводина со убедливи 40:28 во првиот натпревар од осмина-финалето во СЕХА лигата.

Војводина поведе со 1:0, а во следните десетина минути Татран го диктираше резултатот. Домаќините уште еднаш имаа водство во 12. минута кога беше 8:7, а потоа гостите имаа целосна контрола на играта и резултатот.

Во последните десетина минути од првиот дел Татран ја направи клучната предност и на паузата имаа водство од 21:16. На почетокот на второто полувреме Војводина успеа да намали на минус два, но тоа беше сè што сторија домаќините.

До крај на натпреварот Татран продолжи со добрата игра и постојано го зголемуваше водството. На крајот на мечот стигнаа и до огромен триумф од 12 гола разлика и практично веќе обезбеди пласман во четврт-финалето.

Оливер Рабек со десет гола и Павел Хернандез со девет погодоци беа предводници на екипата на Татран во овој убедлив триумф. На спротивната страна во тимот на Војводина се истакна Лука Роган со осум гола.

Реваншот меѓу овие две екипи ќе биде одигран во текот на утрешниот ден, а почетокот на натпреварот е во 16 часот.